Тренерот на Валенсија го испофали Димитриевски

by riste
1 минути читање

Валенсија синоќа оствари многу значајна победа откако со 1-0 славеше над Осасуна, нашиот Столе Димитриевски ја сочува мрежата празна.

По натпреварот стигнаа пофалби за Димитриевски од тренерот Карлос Корберан.

„Многу сум среќен со играта на Димитриевски. Неговата контрола во шеснаесетникот на прекините беше одлична. Многу сум задоволен од перформансот на Димитриевски. Осасуна игра со многу нафрлени топки, тој беше одличен“, изјави Корберан по мечот.

Македонскиот голман брани во голема форма откако доби шанси по повредата на Агирезабала. Фановите на Валенсија го сакаат Димитриевски и сметаат дека тој е најдобриот голман кој го имаат.

Хулен Агирезабала се врати на комплетен тренинг за Валенсија и наскоро ќе биде подготвен да игра. Па останува да се види дали ќе биде седнат на клупата и пак ќе му го земе местото на Димитриевски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×