Тренерот на Шкендија му одговори на контроверзниот Бекали: Ќе видиме на теренот!

by riste
1 минути читање

Шкендија вечерва го игра реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите, дуелот против ФЦСБ (Стеауа) во Букурешт.

Тетовскиот тим со 1-0 ја доби првата пресметка и со водство ќе го почне натпреварот.

Претседателот на Стеауа, познат по многуте контроверзии, изјави дека до полувремето неговиот тим ќе води со 3-0.

На вчерашната прес-конференција, романските новинари побараа од тренерот на Шкендија, Јетон Беќири да ја прокоментира изјавата на Бекали.

„Ние ги респектираме тренерот и фудбалерите на противничкиот тим и не сакам да коментирам изјави од претседател, генерален менаџер или некој друг функционер. Верувам дека се ќе се решава на теренот, а не со изјави“, изјави Беќири.

Мечот меѓу ФЦСБ и Шкендија почнува од 19:30 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×