4
Севиља повторно направи тренерска рокада, откако поради слабите резултати ја прекина соработката со Матијас Алмеида.
Последниот пораз од Валенсија со 0:2 беше капката што ја прели чашата, во меч во кој настапи и македонскиот голман Столе Димитриевски.
Андалузискиот тим се наоѓа во опасната зона со само 31 бод, на минимална дистанца од местата што водат во понизок ранг, па раководството реши да реагира.
Алмеида не успеа да ја стабилизира екипата и си заминува по 32 натпревари со скромен биланс, а Севиља продолжува со честите промени на клупата, добивајќи нов тренер во обид да го избегне сценариото со испаѓање.