Бојан Миовски синоќа ја одигра најдобрата партија за Глазгов Ренџерс, со два постигнати гола го предводеше тимот до победа на гостувањето кај Килмарнок од 3-0.
Во последните натпревари Миовски добива поголема минутажа, стартер е, а тоа вроди со плод. Не беше така кога Дени Рол дојде на тренерската позиција, но работите се променија.
Се пишуваше дека Миовски не е по мерка на Рол, но се чини дека двајцата најдоа заеднички јазик и работите сега изгледаат многу подобро за Македонецот.
„Разговаравме и Бојан направи голем напредок. Имаше добри шанси, лесно е прилагодлив на условите. Среќен сум кога напаѓач ќе постигне два гола, тоа е фантастично. По мечот против Фалкирк, зборувавме за просторот кој се отвора на теренот, што сакам да видам од него. На крајот, кога работите напорно, заслужувате да постигнете гол. Исполни сè што побарав“, кажа Рол после вчерашниот меч.