Тренерот на Несторовски од Интер Запрешиќ: Срамота е да го гледам во Серија Б…

by
1 минути читање

Тежок беше патот до
успехот за македонскиот напаѓач Илија Несторовски, капитенот на Палермо кој
пред да дојде во тимот од Сицилија настапуваше за хрватски Интер Запрешиќ, а 69
погодоци на 90 натпревари за таа екипа го примамија интересот на тогашниот калчолигаш
да го купи Македонецот за сума од 500,000 евра, обезбедувајќи го на
четиригодишна верност.

Стратегот од клупата на
Интер Запрешиќ, Самир Топлак, кој се уште е на таа позиција во хрватскиот клуб,
во интервју за „Џорнале ди Сицилија“ вели дека жали што го гледа Несторовски во
Серија Б, сметајќи дека местото на нашиот 27 годишен репрезентативец е некое
скалило погоре.

Го гледав со свои очи
неговиот развој и многу сум среќен што се разви во еден голем напаѓач
“ вели Топлак.

Со оглед на неговите
квалитети, срамота е да го гледам да игра во Серија Б, Илија единствено нешто
што треба да го направи е да ги контролира своите емоции. Понекогаш премногу
игра со срце, се жртвува. Треба добро да ги менаџира тие две работи
“ додава
тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани