Големиот македонски фудбалски талент не е во можност да
настапува за сениорскиот состав на турскиот гигант Фенербахче, но тој веќе
почна со настапи во тимот до 21 година, а тренерот на таа екипа, Сенол Чорлу ги
искажа своите импресии од талентираниот Македонец кој играше во дуелот против
Галатасарај.
„Покажа квалитет, во тоа немам дилеми, потребно му е малку време… Има добра визија во играта, но физички се уште не
е целосно подготвен, верувам дека тоа ќе го промениме во наредните три до
четири недели. Верувам дека во сениорскиот тим ќе влезе целосно подготвен“
смета Чорлу.
Елмас на вчерашниот тренинг со сениорскиот тим на Фенербахче
Елиф Елмас веќе наполни 18 години, но Фенербахче ќе може
да смета на него во сениорскиот состав почнувајќи од јануари, кога ќе може и да
го регистрира во тимот.
Извор: skor.sozcu.com.tr
Фото: Fenerbahce (Facebook)