Јагоба Арасате даде свое видување за спорниот погодок на Феран Торес на синоќешниот натпревар помеѓу Мајорка и Барселона, очекувал судијата да ја стопира играта, наместо да го признае голот.
Барселона синоќа со 0-3 славеше на гостувањето кај Мајорка и со победа ја почна одбраната на титулата во Ла Лига.
Но мечот го одбележаа неколку контроверзни моменти, еден од нив беше голот на Феран Торес за 0-2.
Дефанзивецот Антонио Раиљо со глава блокираше еден удар на Ламин Јамал, по што остана да лежи на тревата, но наместо играта да биде прекината, нападот на Барселона продолжи а Феран Торес ја затресе мрежата.
„Сите видовме што се случи. Минатата недела, ни објаснија дека играта ќе биде сопрена доколку некој добие удар во глава, и четвртиот судија пред мене дофрли дека играта треба да биде прекината поради тоа што Раиљо доби удар во глава. Главниот судија го стави свирчето во уста, сите мислевме дека ќе свирне прекин, но сите останавме зачудени откако го призна голот. Стварно не не разбирам“ – вели тренерот на Мајорка Јагоба Арасате.
🤔 Sur le but polémique de Ferran Torres face à Mallorca hier, l’arbitre semblait avoir le sifflet à la bouche alors que Raillo était à terre.
— LigActu 🇪🇸 (@LigActu) August 17, 2025
📹 @beINSPORTSNews pic.twitter.com/eHrPA75kiG
„Главниот судија ми објасни зошто го признал голот, ми кажа дека на фудбалерот не му се вртело, но кога некој ќе падне на тревата, како може да знаете дали му се врти ли не?“