Тренерот на Лудогорец, Руи Мота е разочаран од изданието на неговите фудбалери и се надева дека во реваншот ќе бидат многу подобри.
Лудогорец во Скопје дојде како фаворит, но Шкендија вечерва беше подобар противник, македонскиот тим оствари победа од 2-1.
„Добро го почнавме натпреварот, игравме како што барав, потоа постигнавме гол и престанавме да играме. Почнавме да губиме топки, игравме како што Шкендија сакаше да играме, они имаат брзи играчи што се опасни на контри и примивме два лесни гола. На ваков терен треба да играш поедноставно за да не ги губиш топките“, вели тренерот Руи Мота.
„Ја анализиравме Шкендија и знаевме дека имаат јаки страни, дека имаат брзи крила и знаевме дека не смеевме да губиме топки. Но без разлика на анализата, токму така ги примивме головите“.