Тренерот на Лион го критикува Ендрик: Зависиме од играч кој минатата сезона играше во трета лига!

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Лион, Пауло Фонсека вели дека Ендрик мора да прикаже многу повеќе, и го повика Бразилецот да се оглед на Афонсо Мореира, кој минатата сезона играше во трета лига во Португалија.

Ендрик на почетокот од годината го напушти Реал Мадрид и се пресели во Лион на позајмица до крајот на сезоната и веднаш блесна.

Но неговата форма потоа почна да оди надолу, два месеци нема дадено гол во Лига 1, па доби критики од тренерот Пауло Фонсека.

„Не сум задоволен од партиите на Ендрик“ – вели тренерот на Лион. „Не сум тука за да го „уништам“, но од играч како него очекувам многу повеќе и мислам дека има обврска да го покаже тоа“.

„Ми рече дека бил малку уморен од патувањето (до Орландо на должност со Бразил), но мора да понуди многу повеќе“.

Пауло Фонсека потоа додаде: „Во моментов зависиме од играч кој минатата сезона играше во трета лига во Португалија“.

„Ако Афонсо Мореира може да најде храброст, тогаш и останатите можат да го следат неговиот пример“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×