Тренерот на Краковија потврди: Јани Атанасов ќе има нов клуб

by Стефан
1 минути читање

Македонскиот фудбалер, Јани Атанасов во зимскиот преоден рок како што стојат работите ќе го промени клубот и ќе замине од Краковија.

Тренерот на Краковија, Давид Крочкек потврди дека Македонецот не е во неговите планови и дека разгледува понуди од други клубови.

„Разговаравме со Јани Атанасов и тој нема да биде во ростерот за натпреварот со Раков. Се обидовме да му ја објасниме ситуаијата и чека понуди од други клубови“, изјави Крочек.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани