Тренерот на Гранада „удри“ по Барса и Ракитиќ

by
2 минути читање

Камерите го
уловија Иван Ракитиќ како ги губи нервите и упатува навредливи зборови на
адреса на Андреас Переира на средбата помеѓу Гранада и Барселона.

„Ќе испаднете, ќе
испаднете. Ку*вин сине, следната сезона ќе играте во втора лига!”
– гласеше
пораката на Хрватот, кој ретко избувнува на теренот.

Попладнево се
огласи тренерот на Гранада, Лукас Алкараз и жестоко „удри“ по Барселона и Иван
Ракитиќ.

„Играчите од
големите клубови во Шпанија можат да прават што сакаат
– вели Алкараз.

„Барса и Ракитиќ
покажаа големо непочитување кон Гранада. Што е уште полошо, не се извинија
.

„Ако некој играч
од голем клуб има ваков испад, сите велат дека бил понесен од жештината на
моментот
.

„Но доколку играч
од мал клуб направи нешто такво, тогаш се работи за срамно однесување
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани