Хрватскиот шампион на неверојатен начин загуби два бода, Шахтар даде два гола во судиското продолжение и се спаси од пораз.
Од таборот на Динамо Загреб помислија дека во финишот од првото полувреме имаше две ситуации во кои можеа да добијат пенал, еднаш над Петковиќ, а потоа над Адеми. По повторените снимки и хрватските медиуми се сложија дека немаше пенал, но тренерот на Динамо Загреб распали по ВАР.
„Ако не сакаат да го гледаат тоа, што ќе ни е тој ВАР! Тоа е обично сра*е. Што се однесува до мене, не треба ниту да го има. Секогаш некоја интерпретација, дали било или не контакт. Тоа стана циркус во Англија и Италија, поголемиот дел од тренерите веќе се бунат. Јас сум апсолутно против ВАР, тој ги убива емоциите, го убива фудбалот“, прокоментира нервозниот тренер Ненад Бјелица.