Тренерот на Брајтон го „пецна“ Арсенал: Никогаш нема да бидам како Артета

by Стефан
1 минути читање

Тренерот на Брајтон, Фабијан Хирцелер, по поразот на неговиот тим од лидерот Арсенал истакна дека е горд на изданието на своите фудбалери.

Германскиот стратег на клупата на „галебите“ во својата изјава индиректно го „пецна“ и Арсенал, нагласувајќи дека според него само неговиот тим се обидувал да игра фудбал на теренот. Сепак, лондонскиот состав на крајот славеше минимална победа од 1-0.

„Мислам дека само еден тим играше фудбал. Другиот не играше. Јас не сакам и никогаш нема да бидам тренер кој се обидува да победува на начинот на кој тоа го прави тимот на Артета. Мојата цел е да ги развивам играчите и мојот тим постојано да напредува преку играта“,изјави Хирцелер.

Во текот на оваа сезона тимот на Арсенал често се поврзува со тактика која се базира на прекини, а во овој момент тие се лидери со седум бода повеќе од Манчестер сити кој има натпревар помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×