Манчестер Сити синоќа немаше милост за третолигашот, постигна дури девет
погодока, а и кога беше јасно кој е кој, избраницитге на Пеп Гвардиола
продолжуваа да притискаат во финишот од мечот во потрага на највисоката победа
во историјаа на Лига купот, но на кајот мораа да се задоволат само со
највисоката победа во полуфинале.
И покрај тоа што Бартон беше декласиран на Етихад со 9-0, тренерот на гостите
Најџел Клаф беше расположен за шега по крајот на мечот.
„Гвардиола ме покани на чаша вино, но по ваков меч ќе ми треба повеќе од една
чаша“ – вели Клаф.
„Дали ќе беше подобро да не игравме? Секако дека не, креиравме историја со
тоа што стигнавме до полуфинале. Не се работи за вечерашниов натпревар, туку за
она што го постигнавме и што дотуркавме до тука“.
„Кон финишот можевме да слушнеме како од таборот на Манчестер Сити довикуваа
„сакаме ДЕСЕТ“, и ги спречивме, па тоа е позитивно за нас“.