Тренерот на Барнсли „распали“ по Собослаи: Какво непочитување, против Арсенал и Челси не го прави ова (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Барнсли, Конор Хурихејн жестоко го критикуваше Доминик Собослаи за потегот со кој му подари гол на противникот, кога се обиде со пета да врати топка до голманот Георги Мамардашвили.

„Црвените“ вчера со 4-1 славеа против Барнсли во третото коло на ФА Купот, и не дозволија изненадување, но малку фалеше Доменик Собослаи да го врати противникот во игра.

При водство од 2-0, во финишот на првиот дел, Унгарецот реши со пета да врати топка до голманот Георги Мамардашвили, но само се посрамоти и остави прилика за Адам Филипс да намали на 2-1.

Тренерот на Барнсли е среќен за својот играч со оглед на тоа што Адам Филипс е дете од школата на Ливерпул, но жестоко го критикуваше Доменик Собослаи.

„Не можам да ви опишам колку ми е мило за тоа што Адам постигна гол пред трибината „Коп“. Тој е навивач на Ливерпул, потекнува од нивната школа, и цел живот ќе го памети овој момент. Малку луѓе можат да се пофалат дека направиле нешто вакво“ – вели Конор Хурихејн.

„Но какво само непочитување покажа Собослаи. Не верувам дека ќе изведе ваков потег против Челси или Арсенал, или пак во Лигата на шампиони“.

„Навистина сум пресреќен за Адам, но и разочаран од големото непочитување кое го покажа Собослаи“.

ФОТО: X/Liverpool FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×