Тренерот на Аугсбург го пропушта ре-стартот на Бундеслигата зошто тркнал до супермаркет да купи паста и крема за кожа

by
1 минути читање

Натпреварите од Бундеслигата продолжуваат овој викенд, а како дел од протоколите, фудбалерите, тренерите и персоналот се во карантин во хотел.

Правилата се строги, никој не смее да мрдне и тоа на своја кожа го осети тренерот Хајко Херлих, кој овој викенд требаше да дебитира на кормилото на Аугсбург. Тој синоќа тркнал до супермаркет да купи паста за заби и крема за кожа, па сега нема да може да седи на клупата против Волфзбург.

„Направив грешка кога го напуштив хотелот. Иако ги следев сите мерки за хигена кога бев надвор, ги прекршив строгите правила кои мора да се почитуваат од сите. Поради грешката, нема да го предводам следниот тренинг (петок) и нема да го предводам тимот против Волфзбург во сабота“ – вели Хајко Херлих, кој ќе мора да има два последователни негативни теста за да проодлжи да ги извршува своите задачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×