1,3K
Вулверхемптон викендов му врачи отказ на тренерот Гери Онил, па сега е во потрага по негова замена.
Добро упатениот Давид Орнстеин најавува дека „волците“ веќе се близу до аквизиција на нов тренер. Се работи за Витор Переира, човекот кој во моментов работи како тренер на Ал Шабаб во Саудиска Арабија.
Переира седна на клупата на саудискиот клуб оваа сезона, откако претходно работеше во Фламенго. Богатата кариера на 56-годишникот го водеше низ Коринтијанс, Фенербахче, Шангај СИПГ, 1860 Минхен, Олимпијакос, Ал Ахли, Порто, Санта Клара, Еспињо, Санхоанесе.
Сепак, доколку потпише со Вулверхемптон тоа ќе му биде договор на кариерата.