Трендот на откази во Премиерлигата продолжува, Евертон се раздели со Марко Силва

by
0 минути читање

По отказите на Маурисио Покетино, Унари Емери и Кике Санчез Флорез, денеска настрада уште еден тренер во Премиерлигата, Евертон го отпушти Марко Силва.

Подолго време се спремаше отказот на Силва, па поразот од Ливерпул со 5-2 беше само капак на резултатската криза.

Тие имаат само една победа на последните шест меча и само 14 освоени бодови во 15 кола од Премиерлигата.

Има неколку кандидати за наследник на Силва, а еден од нив е легендарниот тренер на Евертон, Дејвид Мојс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×