Требаше да биде „новиот Тоти“, а сега е прекуброен и во Галатасарај!

by 24 фудбал
1 минути читање

Николо Заниоло повеќе не е во плановите на Галатасарај и ова лето бара нов клуб. Италијанецот има понуди од Удинезе, Фламенго, Бенфика и ПСВ Ајндховен, иако договорот со турскиот шампион му трае до јуни 2027 година.

Кариерата на 26-годишниот репрезентативец веќе подолго време е во надолна линија. Проблемите започнаа по заминувањето од Рома, а во февруари 2023 година се пресели во Галатасарај за 15 милиони евра.

Во Турција остана само шест месеци, па следеа неуспешни позајмувања во Астон Вила, Аталанта и Фиорентина. Ниту еден од овие клубови не покажа интерес да го задржи со перманентен договор.

Интересно е дека кога се појави на фудбалската мапа играјќи за Рома, во Рим на него се гледаше како наследникот на „прицот на Рим“ – Франческо Тоти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×