Треба да се случи големо изненадување за Македонија да не игра бараж за СП 2026!

by riste
1 минути читање
Македонија

Македонската фудбалска репрезентација има солиден старт на квалификациите за Светското првенство во 2026, но нашето место за баражот е поверојатно да го добиеме поради добриот настап во Лигата на нации.

Според играта која ја прикажавме, тешко дека ќе бидеме пред Велс на табелата во квалификациската група, но благодарение на одличниот настап во Лигата на нации веројатно ќе дојдеме до бараж.

Пресметката на „Фудбал митс дата“ вели дека Македонија има 99 отсто шанси да игра бараж за пласман на Светското првенство.

За да играме бараж, треба седум од следниве десет репрезентации да завршат на прво или второ место во квалификациите: Шпанија, Англија, Германија, Италија, Португалија, Шведска, Романија, Турција, Австрија и Чешка.

Сценарио кое е многу веројатно дека ќе се случи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×