Македонскиот фудбалер во Данди јунајтед, Кристијан Трапановски е задоволен од својот прв меч на домашен терен и се надева на сезона со многу голови и асистенции.
Во меч од шкотскиот Лига куп, Данди со 3-0 го победи Стенхаусемур, а Трапановски запиша две асистенции и гол. Тоа беше негов прв натпревар на домашен терен. На мечот дебитираше и Давид Бабунски.
„Уживав во денешниот натпревар, ова беше мој прв меч на домашен терен, среќен сум што асистирав и дадов гол. Не можев да посакам подобар старт, се надевам дека така ќе биде и на следниот меч“, вели Трапановски.
„Тренерот сака од нас, крилата, да влегуваме малку внатре, па имаме слобода да се движиме каде сакаме, се надевам дека ќе имаме многу нафрлувања и многу голови“.