Трапановски можеше да донесе победа, му расчитија на гол линија (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Трапановски

Кристијан Трапановски можеше да биде херој на Данди јунајтед во локалното дерби против Данди ФК, на стартот од вториот дел имаше зицер за погодок кој веројатно ќе значеше победа, но му расчистија на гол линија.

Кристијан Трапановски игра во одлична голгетерска форма на почетокот од сезоната, постигна дури три гола во Лига купот, а вчера го имаше и деби погодокот во шкотската Премиерлига, по само 13. минути ја затресе мрежата на локалното дерби помеѓу Данди јунајтед и Данди ФК.

Македонецот можеше и да биде херој на домаќините, на стартот вториот дел, при резултат 2-1 имаше зицер за нов гол.

По една контра, Кристијан Трапановски повлече од својата половина, изби сам пред голманот и ја префрли топката преку него, но еден од дефанзивците реагираше во последен миг и расчисти пред гол линијата.

Во продолжението од мечот, Данди ФК преку пенал стигна до 2-2 и поделба на бодовите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани