867
Фудбалската асоцијација на Англија потврди дека трансродовите жени во Англија ќе може да се натпреваруваат во женска конкуренција.
Одлуката се очекува да предизвика реакции во јавноста, но од ФА објаснуваат дека ќе треба да се исполнуваат и одредени услови. Според новите критериуми нивото на тестостерон мора да е намалено, а фудбалрките ќе треба да поминат и период на следење кога ќе е врши проценка дали претставуваат ризик за девојките и самото натпреварување.
Исто така се наведува дека само ФА ќе мора да одлучува за прашњето дали ќе имаат право за настап.
ФА објави и дека во овој момент во Англија се натпреваруваат 20 трансродови фудбалерки играат во аматерските рангови низ земјата.