Како што неговиот
договор завршуваше со францускиот првак ПСЖ, Адриен Рабио беше на прагот да се
пресели во Барселона, но, наместо тоа, се случи пресврт со него, па тој се
одлучи да потпише за Јувентус, а оваа негова одлука ги стави во една необична
ситуација Каталонците.
Со месеци
неговата преселба во Шпанија беше само прашање на време кога ќе се реализира, а
потоа Бјанконерите пред нос им го „украдоа“ фудбалерот на своите ривали од Барселона, а од таму
имаат и коментар за таа ситуација
Ерик Абидал,
спортскиот директор на Барса ги пренесе своите ставови по прашањето за Рабио,
говорејќи во интервју за „Ле Парисиен“ тој посочи дека претпоставува дека
главната причина за „пресвртот“ во одлуката на Рабио е од финансиски аспект.
„Тој беше на
нашата трансфер листа на желби, меѓутоа на крајот заврши со потпис за Јувентус,
не ја знам точната причина која се крие зад неговата одлука, но, можно е да
станува збор за причина од економски аспект, не можам да кажам…“ рече Абидал.