Трансферот на Кутињо во Барса зависи од состанокот помеѓу Ливерпул и Монако

by
1 минути читање

Ливерпул се обидува да го купи Томас Лемар од Монако и само ако успее во таа намера ќе го продаде Кутињо на Барселона.

Англискиот и францускиот клуб вечерва ги имаат последните преговори во Монте Карло, ако тие завршат позитивно, ќе се израдуваат и челниците на Барселона.

Окслејд Чембрлејн веќе ги поминува медицинските прегледи со Ливерпул, па Јирген Клоп ќе биде задоволен доколку покрај него во клубот пристигне и Лемар. Тогаш нема да има проблем да се откаже од услугите на Кутуњо.

„Спорт“ пишува дека Кутињо и Барселона со големо внимание го чекаат исходот од вечерните преговори меѓу Ливерпул и Монако.

Доколку Барселона не успее во намерата да го ангажира Кутињо, не се исклучува можноста во последниот ден од преодниот рок да се обиде да ги ангажира Ди Марија и Лемар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×