„Трансфермаркт“: Салах го надмина Меси (ФОТО)

by
1 минути читање

Според моменталната ситуација на „Трансфермаркт“, првата ѕвезда на европскиот првак Ливерпул, Мохамед Салах е со повисока цена на трансфер пазарот во однос на ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, базирано на основ на критериумите на веб сајтот.

Се чини дека постои благ пад во формата на капитенот на Каталонците, а Барселона извесен период не игра на нивото на кое сите се навикнати да ги гледаат, па можеби од тука доаѓа и големата промена на веб сајтот кој нуди информации од ваков карактер.

Според критериумите на „Трансфермаркт“, Салах го симна Меси од тронот, па така Египјанецот е највредното (во цифри) десно крило во светот на фудбалот денеска, со цена од 150 милиони евра, споредено со цената од 140 милиони евра која стои зад името на Аргентинецот.

Доколку се проследи статистиката на „Трансфермаркт“ по тоа прашање, цената на Меси во изминатите две години падна за 40 милиони евра, или поточно, од 180 милиони евра во мај 2018. година, до 140 милиони евра до декември ланската година.

Во меѓувреме, цената од 150 милиони евра зад името на Египјанецот остана во текот на претходно наведениот период.

Како и да е, „Трансфермаркт“ си има свои критериуми врз основа на што ги базира објавените суми, меѓутоа, во реалноста клубовите за фудбалерите кои ги посакуваат исплаќаат сосема поинакви суми, онолку колку што мораат во дадени ситуации секако.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×