324
Познатиот сајт за трансфери и вредност на играчите на социјалните мрежи објави пост за репрезентацијата на Македонија споредувајќи ги вредностите на тимовите во нашата група.
Македонија со 11 бода е на првото место пред Белгија која има 10 (и меч помалку) и Велс кој исто така има 10 бодови.
Трансфермаркт напиша дека Македонија е изненадувачки лидер и направи споредба на вредностите на репрезентациите.
Селекцијата на Македонија вреди 36 милиони евра, а тоа е дури 12,5 пати помалку од вредноста на селекцијата на Белгија која е проценета на 453 милиони евра и четирипати помалку од Велс кој вреди 146 милиони евра.
Вредноста на Казахстан е 15 милиони евра, а на Лихтенштајн само 700.000 евра.