Њукасл ја одреди цената на Сандро Тонали по гласините за трансфер на Италијанецот во Јувентус, клубот од „Сент Џејм Парк“ ќе бара околу 130 милиони фунти, или околу 150 милиони евра.
Изминатиов период често се говори за желбата на Јувентус да го ангажира Сандро Тонали, кој е идентификуван како топ засилување за средниот ред.
Но се чини дека ова ќе остане само сон за „старата дама“, медиумите од Англија пренесуваат дека Њукасл одредил цена од околу 130 милиони фунти, или околу 150 милиони евра.
Ако на ова се додаде и фактот дека Сандро Тонали во моментов има плата од 9-10 милиони евра по сезона, една ваква зделка е практично невозможна за сите клубови од Италија, не само за Јувентус.
Пред неколку дена, самиот фудбалер говореше за можно враќање во Серија А.
„Порано или подоцна ќе се вратам во Серија А, кај секој Италијанец постои желба да се врати во татковината. Можеби не сега, бидејќи сум задоволен од тоа како се одвиваат работите во Њукасл, но не ја затворам вратата“ – изјави Сандро Тонали од кампот на „аѕурите“.
ФОТО: X/Newcastle United