Трансфер на Бастони во Барселона може да ги наполни и куферите на Реал Мадрид

by bojan
1 минути читање

Алесандро Бастони е топ трансфер желба на Барселона за засилување на одбраната, а една ваква зделка може да му донесе и добра пара на Реал Мадрид, се говори дека Интер ќе тргне по Марио Хила од Лацио.

Жоан Лапорта и Деко сакаат летоска да донесат две големи имиња на Камп Ноу, односно нов дефанзивец и нов напаѓач.

На врвот на листата со желби се две имиња – Алесандро Бастони од Интер и Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид.

Вчера дури и се појавија информации дека Алесандро Бастони веќе кажал ДА, и „каталонците“ сега ќе треба да најдат заеднички јазик до Интер за висината на трансферот.

Се говори дека „нероаѕурите“ поставиле цена од 80 милиони евра, или најмалку 70 милиони евра како фиксен дел, и уште десетина милиони евра во лесно остварливи бонуси.

Интер исто така веќе размислува кого би ангажирал како замена, и последните информации велат дека Марио Хила од Лацио им е прва опција.

При една ваква зделка, добра пара ќе заработи и Реал Мадрид бидејќи „кралевите“ поседуваат 50% од сопственоста на Шпанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×