Нејмар се враќа на Камп Ноу, ова го пренесе Џанлука Ди Марцио. Новинарот на Скај Италија, кој обично има добри информации кога е во прашање трансфер пазарот, објави дека има договор помеѓу Барселона и ПСЖ и недостигаат само потписите на документите со што ќе се официјализира зделката.
Тој сепак не откри детали за каков трансфер си подале рака двата клуба.
Од Шпанија пак пристигнуваа демант за сторијата на Ди Марцио. Извори за Мундо Депортиво брифираат дека веста е „лажна“ и „нема вистина во написите“.
МД додава дека преговорите се уште се во тек и тоа на највисоко ниво, денеска во Монако имало средба помеѓу првите луѓе Жозеп Мариа Бартомеу и Насер Ал Келаифи, а контактите ќе продолжат и во следните часови.