Трансфер бомбата на Милан допрва доаѓа, „Росонерите“ нема да штедат пари за „Петелот“

by
1 минути читање

Милан сериозно
работи на составот за следната сезона, и клубот од Сан Сиро веќе договори четири
засилувања – Матео Мусакио од Виљареал, Франк Кеси од Аталанта, Рикардо
Родригез од Волфзбург и Андре Силва од Порто.

„Росонерите“ планираат
да донесат уште неколку нови имиња и ќе се обидат да направат мега трансфер со
кој ќе потврдат колку е сериозен проектот на новите сопственици од Кина.

Извештаите на
медиумите од Италија велат дека Милан подготвува мега понуда за Андреа Белоти
од Торино.

Вчера лидерите на
клубот од Сан Сиро имале средба со спортскиот директор на Торино.

На состанокот,
Фасоне и Мирабели го известиле својот колега Петраки дека Милан е подготвен да
плати 80 милиони евра за Андреа Белоти, сума која е блиску до откупната
клаузула од 100 милиони евра која важи само за клубови од странство.

Планот на „Росонерите“
е да го донесат „Петелот“ на позајмица за која ќе платат 20 милиони
евра, и следното лето да бидат обврзани во целост да го купат напаѓачот за
додатни 60 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани