Трајковски за Локомотива дебитираше во луд натпревар! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Maкедонскиот напаѓач Александар Трајковски денеска дебитираше за Локомотива Загреб во натпревар во кој неговиот тим загуби со 4-2.

Локомотива по првото полувреме водеше со 2-0 со головите на Стојаковиќ и Пајаќ во 4. и 19. минута. Сепак, во вториот дел дозволија да примат четири гола и да го загубат натпеварот. Стрелаа Бараќ, Таварес, Мамут и Мамиќ.

Трајковски на теренот влезе во 69. минута при резултат 2-2. Големи проблеми на фудбалерите на теренот им правеше и густата магла.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×