Трајковски: Убаво е да дадеш гол, сакам да му помогнам на Хајдук како и да можам

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски донесе бод за својот Хајдук на мечот против Локомотива Загреб (1-1) во ХНЛ лигата. Нашиот напаѓач стрела во 98. минута за израмнување и избегнување на пораз.

Кога ќе се најдеш во ситуација како при голот, мора да ја прочиташ. Имав претчувство каде ќе оди топката од Ливаја, и стигна до мене. Успеавме да освоиме бод, не го загубивме натпреварот. Секогаш е убаво чувството да дадеш гол. Покажав дека можам да помогнам, се надевам дека ќе добијам минутажа и на следните натпревари. Сакам да влеземе во серија победи и ќе помогнам како можам. Гледаме напред, одиме натпревар по натпревар. Знаеме што се очекува од нас, ние сме Хајдук и сакаме победа на секој меч до крајот на сезоната. Ако даде Бог, ќе ја освоиме толку посакуваната титула“, изјави Трајковски.

По ова реми Хајдук го препушти врвот на табелата на Ријека, бидејќи има еден бод помалку од новиот лидер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани