357
Македонецот од лидерите на Палермо добива големи критики за слабите игри, но во дресот на „Црвено-жолтите“ одговори на најдобар можен начин.
Најпрво го матираше Џиџи Буфон за голем бод на Македонија против Италија, а потоа стрелаше и против Лихтенштајн во победата од 4-0.
Александар Трајковски веројатно „пукаше“ од самодоверба по враќањето на Сицилија, но тој на дуелот со Фросиноне, кој заврши 0-0, дремеше на клупа.
Тренерот на Палермо, Бруно Тедино за својата изненадувачка одлука рече: „Алекс играше 90 минути за Македонија, па затоа не го употребив. Решив да им укажам доверба на оние кои тренираа цело време со нас. Исто така Емболо заслужи настап, против Парма беше одличен“.