Трајковски објасни зошто голот против Фоџа го прослави во прегратка со тренерот Тедино (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Македонецот игра
во одлична форма на почетокот од новата сезона во Серија Б, вчера беше играч на
мечот против Фоџа, со асистенција и гол помогна Палермо да направи пресврт во
вториот дел и со три бода да замине од гостувањето на „Пино Закерија“.

„Ова беше тежок
натпревар, сепак бевме подготвени за ваков меч. Примивме гол во првото полувреме,
но одлично одговоривме на предизвикот во вторите 45 минути“
– вели Александар
Траковски.

Откако во 62.
минута мајсторски погоди од далечина со милиметарски прецизен шут, напаѓачот се
упати кон клупата и го прегрна тренерот Бруно Тедино.

„Погодокот беше
важен и за него, сакав да му се заблагодарам за довербата која ми ја укажува
постојано“.

За добрата форма
на Александар Трајковски голема заслуга има токму Бруно Тедино, кој слепо
верува во потенцијалот на Македонецот, го фалеше во голем број наврати на прес
конференциите а му го даде и дресот со бројот 10, кој има тежина во секој клуб,
па и во Палермо.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×