Трајковски: Ние сме една фамилија подготвена за големи резултати

by
1 минути читање

Од таборот на Австрија и Холандија веќе стигнаа потценувачки изјави кон Македонија, но тоа е нешто што треба да послужи само како дополнителна мотивација.

„Ова е еден голем успех за сите нас и посебен е бидејќи досега сме играле само квалификации, а сега ќе играме на едно големо натпреварување. Ова е сон кој сите фудбалери го чекаат, сите што сме тука се сме многу мотивирани и таму ќе го дадеме нашиот максимум и ќе покажеме дека заслужуваме да сме дел од Европското првенство“, вели Трајковски.

„Со Германја одигравме еден тимски натпревар што заврши со добар резултат. Таа победа ни даде голема самодоверба и покажавме дека можеме да се носиме со секоја репрезентација. Ние сме еден тим, една фамилија која покажува дека е подготвена за големи резултати“.

„Не сакам да размислувам што велат другите репрезентации, ние имаме наша мотивација, знаеме зошто сме таму. Ќе дојдат тие натпревари на Европскокто првенство и ќе се видиме како ќе биде“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×