Трајковски: Не мислиме да застанеме, одиме на победа и против Ерменија

by
1 минути читање

Македонија со триумф над Гибралтар го почна настапот во Лигата на нациите. Во недела го играме вториот меч кога на Арената „Филип Втори“ ни гостува селекцијата на Ерменија.

„Победивме против Гибралтар на начин на кој веројатно и посакувавме. Не се трошевме премногу, искористивме две шанси во првото полувреме, а тоа беше доволно да го оствариме зацртаното. Ерменија ќе биде потежок дуел, секако, многу посилна селекција од таа на Гибралтар, но ние сме во одлична серија и не мислиме да застанеме. Имаме време за анализа, ќе реализираме три тренинзи во деновите пред натпреварот и сите сме оптимисти дека ќе оствариме позитивен резултат. Поддршка од публиката ќе ни значи многу, се надевам дека ќе ја добиеме, изјави напаѓачот Александар Трајковски.

Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија се игра во недела со почеток од 18 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×