520
Хрватските медиуми најавуваат дека Хајдук планира по крајот на сезоната да се раздели со неколку фудбалери, а меѓу нив е и нашиот Александар Трајковски.
Сплитскиот клуб одлучил по крајот на сезоната да се раздели со Александар Трајковски, Ловро Калиниќ и Јосип Елез.
Хајдук планира фокусот да го стави кон помладите играчи, па искусниот македонски фудбалер им е непотребен.
Трајковски досега главно натпреварите ги почнуваше од клупата за резерви, не е во прв план на Џенаро Гатузо.