Трајковски: Многу беше важно да тргнеме со победа

by riste
1 минути читање

Александар Трајковски го постигна првиот гол за Македонија во новиот квалификациски циклус кој го почнавме со победа од 3-0 над Лихтенштајн.

Македонија ја оствари целта и рутински го совлада Лихтентшајн на стартот од квалификациите за СП 2026.

„Знаевме дека многу е важно да започнеме со победа, но и секој натпревар е важен. Нема лесен противник, можеби така изгледа, но ние за секој натпревар се подготвуваме како е да најважниот натпревар. Во Скопје нè чека нов натпревар и потежок од овој денеска затоа што играме против поквалитен противник, па ни следат подготовки за тој натпревар и ќе се обидеме да победиме. Сакам да се заблагодарам на сите навивачи што денеска беа тука и се надевам на уште поголема поддршка против Велс во Скопје“, вели Трајковски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани