Трајков: Македонија У21 ќе даде сè од себе за нови домашни бодови!

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонската репрезентација од 21 година во Охрид се подготвува за претстојните два натпревари во квалификациите за Европското првенство.

Во овој циклус избраниците на селекторот Горан Станиќ ќе одиграат два меча и тоа на домашен терен. Прв противник в четврток ни е Шведска, а пет дена подоцна следува соочувањето со Полска.

Очекувам два тешки натпревари, но играме дома и тоа многу значи. Ќе дадеме сè од себе да ги искористиме шансите и да освоиме бодови пред нашата публика. Мислам дека одигравме коректно, имаше добри делови во нашата игра, но и моменти кога не реагиравме најдобро. Сепак, покажавме дека имаме потенцијал и дека можеме да се носиме со секоја екипа. Можевме да освоиме повеќе бодови, но за жал на тие натпревари не ги искористивме шансите. Правевме грешки кои противниците ги казнуваа. Ќе работиме на тоа, важно е да учиме и да напредуваме од секој натпревар”, изјави играчот на Работнички.

Двата натпревари се играат во Битола, а почетокот е закажан за 17 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×