Арсенал синоќа
непријатно беше изненаден на домашен терен. Олимпијакос одигра херојски во
Лондон, се избори за продолженија и потоа во 119. минута го шокираше фаворитот.
И покрај тоа што „топчиите“
беа скршени и немаа идеја што да прават, во последните сенкунди од мечот
случајно им се појави сламка за спас. Еден гостински дефанзивец неспретно реагираше
и му овозможи зицер на Пјер Емерик Обамејанг од пет метри. Сепак, Габонецот
биеше само крај голот, па сите на „Емирати“ се фатија за глава.
Напаѓачот, кој десетина
минути претходно атрактивно погоди со ножички за голема радост на сите на стадионот, по
крајот на натпреварот не можеше да објасни како не успеал да реализира од чиста
позиција.
„Многу, многу сум
разочаран. Боли елеминацијата. Што да ви кажам? И самиот не знам како промашив.
Се чувствувам многу, многу лошо. Се случуваат вакви работи… но навистина не знам
како ја промашив таа шанса. Бев заморен, имав грчеви но тоа не е оправдување“ –
вели Обамејанг, кој против Олимпијакос ја носеше капитенската лента.