Селта можеше да го шокира фаворитот во последните мигови и да го замолчи Олд
Трафорд, но Џон Гуидите не се снајде најдобро во петерецот на домаќините и
пропушти голема шанса во 96. минута.
Средбата заврши 1-1, а „Црвените Ѓаволи“ се радуваа на финале во Лига
Европа.
Швеѓанецот сега се огласи на социјалните мрежи и испрати емотивна порака.
„Последните 48 часа беа многу тешки за мене. Не можам да престанам да
мислам што можеме да се случи…” – напиша Гуидети на Инстаграм.
„Но таков е животот, таков е фудбалот, некогаш победувате друг пат губите”.
„Боли многу, но
велат дека времето лечи се, се надевам дека тоа е вистина”.
„Исто така сакам
да кажам дека сум горд на тимот, на фановите и на самиот себе. Ова беше одлично
патување”.
„Не заврши онака
како што посакувавме, но го дадовме максимумот и никој не може да побара повеќе”.
„Исто така сакам
да му честитам на Манчестер јунајтед за пласманот во финале и да му посакам се
најдобро”.
„Сите плачеме но
кога солзите ќе се исушат, стануваме посилни!!!”