67
Натпреварите од
плеј-офот од Лигата на шампионите се многу клучни, не само што носат елитен
фудбал туки и голема парична придобивка.
Разликата помеѓу Лигата на шампионите и Лига Европа е десетици милиони евра, па
никој не сака да се сопне на последната пречка.
И додека
тинејџерот Арнолд се промовираше со прекрсен гол од слободен удар, дефанзивецот
на Јанг Бојс, Касим Адамс Нуху имаше вечер за заборав.
Тој не виде дека неговиот голман е истрчан, па од 16 метри во обид да му ја врати топката ефектно го лобоваше со
глава, и со смешен автогол во 91. минута и подари победа на ЦСКА Москва.