Трагедија во Шпанија: Почина млад фудбалер

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Рајо Ваљекано на социјалните мрежи потврди тажна вест во која информираше дека членот на нивната академија, Емер Моралес починал на само 15 години.

Клубот не откри повеќе детали за неговата смрт, само изрази сочувство до неговите најблиски.

„Сите во Рајо се потресени од смртта на Емери Моралес. Нашиот фудбалер од академијата. Сакаме да изразиме длабоко сочувство на неговите најблиски, родитетелите, семејството и пријателите“, објави Рајо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×