119
Футсал светот е во шок по трагичната вест за ненадејната смрт на бразилскиот футсал играч Алекс Фелипе, кој почина на 32 години.
Трагедијата се случила на 6 јануари на аеродромот во рускиот град Ухта, по натпревар од Купот на Русија. На Фелипе му се слошило додека екипата се подготвувала за лет кон Москва, по што ја загубил свеста. И покрај брзата лекарска интервенција и употребата на дефибрилатор, лекарите не успеале да го спасат, објави „Глобо“.
Алекс Фелипе беше дел од школата на Коринтијанс, а настапуваше и за европските гиганти Интер Мовистар и Спортинг. Од 2020 година играше во Русија за Норилск Никел.