Трагична вест пристигнува од Германија, чуварот на мрежата на Баерн Минхен, Свен Улрајх објави дека неговиот син кој имал само шест години починал по долго и тешко боледување.
Улрајх во својата објава истакна дека неговиот син, Лен починал во јуни, меѓутоа немал сили тоа да го објави.
„Со голема тага во срцето сакаме да ве известиме дека нашиот син, Лен почина пред неколку недели по долга и тешка болест. Одлуката да ја објавиме оваа вест е многу тешка за нас, но тоа е важен чекор за нас како семејство. Заедно со нашата ќерка ќе продолжиме да се обидеме да го пронајдеме патот во животот и ќе одиме чекор по чекор. Ќе ве замолам, да се воздржите од дополнителни прашање и да ја почитувате нашата приватност“, стои во објавата на голманот.
Фото: FC Bayern München