Трагедија во Бугарија: Фудбалер почина на хуманитарен натпревар

by Стефан
1 минути читање

Од Бугарија пристигнува тажна вест, 25-годишниот фудбалер, Ангел Петров починал за време на хуманитарен натпревар.

Станувало збор за натпревар во мал фудбал, а Петров настапувал за екипата на Дреновец. Засега повеќе детали и причината за  трагедијата не се познати.

„Нашиот клуб изразува искрено сочувство до семејството, роднините и пријателите на Ангел Петров – Ачи. Загубата на еден млад живот е неизмерна болка. Во овие тешки моменти сме со вас и ја споделуваме вашата болка. Неговиот спомен засекогаш ќе остане во нашите срца. Поклон пред неговиот светол спомен! Како знак на сочувство, ФК Дреновец го повлекува дресот со број 11 – Ачи засекогаш останува еден од нас“, соопшти тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×