210
Според
информациите кои ги пренесуваат бугарските медиуми, поранешниот фудбалер на
Левски од Софија и соиграч на нашиот интернационалец Дарко Тасевски во тој
период, чехот Давид Бистрон извршил самоубиство во 34. година од својот живот.
Бистрон се обесил
во својот дом, каде оставил и посмртно писмо, се шпекулира дека тој имал
семејни и пред се’ финансиски
проблеми.
Бистрон за Левски
играше две сезони, односно во периодот од 2008. до 2010. година, воедно му беше
соиграч на Дарко Тасевски, со кого во 2009. година играа во групната фаза од
Лига Европа.