213
Тажна вест пристигнува од Шпанија каде што младиот голман Раул Рамирез почина на само 19 години по тешка повреда на натпревар од петтата лига меѓу Колиндрес и Ревиља.
Рамирез во саботата претрпе силен судир со противнички играч, при што заработи сериозна повреда на главата. По укажаната итна помош и реанимација на теренот, беше пренесен во болница во Сантандер, каде што лекарите два дена се бореа за неговиот живот, но без успех.
Медиумите јавуваат дека младиот голман доживеал „мозочна смрт“.
По неговата смрт, фудбалските власти прогласија тридневна жалост и најавија минута молк на сите натпревари во негова чест.