Вечерва на програмата во Лигата на шампионите е уште еден натпревар помеѓу Реал Мадрид и Манчестер сити во Лигата на шампионите.
Натпреварите помеѓу овие два гиганти ретко разочаруваат и нудат вистинско уживање за фудбалските фанови, но во последните години и играат многу често. Ова ќе биде четврта сезона во низа во која „граѓаните“ и „кралевите“ се среќаат на патот до европскиот трон, а петти пат во последните шест сезони.
Не се сретнаа само во сезоната 2020/2021 во која Челси го елиминираше Реал Мадрид и славеше против Манчестер сити во финалето.
Но, посебно итнересно за Реал Мадрд е што во секоја сезона во која го елиминирал Манчестер сити (2016, 2022 и 2024) на крајот станувал европски шампион.
Минатата година победникот во двомечот го одлучија ударите од белата точка. Беше 1:1 во Манчестер и 3:3 во Мадрид.